Home » „За“ и „против“ укинувањето на „балансерот“

„За“ и „против“ укинувањето на „балансерот“

by Журнал.мк

Етничката припадност не треба да е привилегија за вработување, треба да се даде шанса на квалитетот, изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Балансерот ја има достигнато својата цел и поради тоа, извештајот на Европската комисија вели дека треба да се укине оваа алатка и да се пристапи кон нова за да добиеме квалитет, наместо квантитет, велат во владејачката ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ го користи овој момент, за да се прикаже пред граѓаните како жртва, а со СДСМ во нивната стратегија имаат изгласано укинување на „балансерот“.

Во ДУИ, пак, велат таа стратегија не мина во собраниските процедури, а беше направена од министри кои сега се во коалицијата „Вреди“.

Со укинувањето на „балансерот“ од Уставниот суд, се укина етничката припадност, смета коалицискиот партнер на ДУИ, Алијанса за албанците.

Контра, пак, во коалицијата „Вреди“ велат дека се подготвува закон за правична застапеност за квалитетот на поединецот да е на прво место.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk