Home » За гувернерката на Њујорк поплавите се резултат на климатските промени и „новото нормално“

За гувернерката на Њујорк поплавите се резултат на климатските промени и „новото нормално“

by Журнал.мк

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека обилните дождови што донесоа изненадувачки поплави во Њујорк се резултат на климатските промени кои веројатно ја одразуваат „новата нормалност“.

Се разбира, знаеме, ова е резултат на климатските промени. Ова е, за жал, она што треба да го очекуваме како ново нормално, рече Хочул, пренесоа британските медиуми.

Таа предупреди на поплави опасни по живот и прогласи вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон, а воедно го поздрави одговорот на владата и кажа дека нема пријавени смртни случаи и покрај силниот дожд.

Хочул додаде дека вонредната состојба, што овозможува побрза распределба на ресурсите за решавање на кризата, ќе остане на сила во следните шест дена.

Гувернерката на Њујорк кажа и дека разговарала со лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер и дека ова тело е подготвено да поддржи федерална декларација за катастрофа доколку е потребно.

Во некои делови на Њујорк наврна и до 20 сантиметри дожд, а многу училишта, градското метро, ​​улици и автопати беа поплавени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More