Home » За една недела регистрирани 139 нови случаи на грип

За една недела регистрирани 139 нови случаи на грип

by Журнал.мк

Во текот на 51. недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Република Македонија се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип- заболувања слични на грип, 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен утрово.

Деведесет и пет лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет и четири се деца на возраст од пет до 14 години, 12 на возраст до четири години. Осум лица се на возраст над 65 години. Највисока инциденца (12,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст до четири години.

– Заболените се пријавени од 16 ЦЈЗ/ПЕ, Дебар – 42, Гостивар – 33, Куманово – 22, Тетово – 15, а во Прилеп, Скопје, Кавадарци, Охрид, Струга, Неготино, Македонски Брод, Струмица, Битола, Свети Николе, Кратово и Штип, бројот на заболени е еднаков или помал на пет. Во 14 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар – сезонска, а во Дебар – средна активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип, изнесува 799, а во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е намален за 10,2 отсто.

Заклучно со 51. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.125 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk