Home » За еден ден вкупно 1.568 повици на 112, од нив 61.29 отсто биле реални

За еден ден вкупно 1.568 повици на 112, од нив 61.29 отсто биле реални

by Журнал.мк

Изминатите 24 часа на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, регистрирани се вкупно 1.568 повици. Од нив, како реални повици биле категоризирани 961 или 61,29 проценти, а 607, односно 38,71 отсто – за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полицијата биле упатени 213 повици, односно 69,84 проценти, кон Итната медицинска помош – 63 или 20,66 отсто, кон пожарникарите – 21 или 6,89 проценти и кон ЦУК – осум повици или 2,62 отсто.

– Во текот на утрешниот ден, во периодот од 12 до 17 часот, стручниот тим на „Мактек дооел“ ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Бехтел и Енкa“ на локалитетот Сладун во општина Прилеп, се додава во соопштението на ЦУК.

Оттаму информираа и за известување од Институтот за трансфузиона медицина, за дeнеска планираните крводарителни акции во Скопје – СГУЦ „Раде Јовчевски Корчагин“, „Либерти“ во Железара, во Куманово во ЈКП „Водовод“ и со граѓаните на Штип во спортската сала „Јордан Мијалков“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk