Home » За два дена седум самоубиства, дури шест во Тирана

За два дена седум самоубиства, дури шест во Тирана

by Журнал.мк

Под наслов „Што се случува во земјава“, албанските медиуми пренесуваат загрижувачка појава на самоубиства.

Само во последните два дена регистрирани се седум самоубиства, од нив дури шест во Тирана, при што оние кои одлучиле сами да си пресудат се на возраст од 21 до 81 година.

– Последниот трагичен настан се случил попладнево во Тирана кога 28-годишно момче е пронајдено обесено во својот дом. Денеска на пладне 60-годишен маж се самоубил со давење во вештачкото езеро во Тирана, пренесуваат медиумите.

Другите четири самоубиства, жени на возраст од 23 до 81 година во Тирана скокнале од повеќекатници или се обесиле во нивните домови.

Едно од самоубиствата е регистрирано во село Чука кај градот Љушња, се самоубило со давење во вода 21-годишно момче.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More