Home » За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар

За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар

by Журнал.мк

Заминувањето на белите мантили од Албанија не престанува. Податоците покажуваат дека трендот на заминувања во 2024 година бил ист како и претходните години. Поточно, во текот на изминатата година 146 лекари побарале потврда за добро однесување, што служи за вработување во странство. Во изминатите пет години бројот на лекари кои заминале е околу 800. Најголем број или 191 е регистриран во 2022 година.

Доколку се земе в предвид и бројката од над 4.000 лекари во периодот од 2010 до 2020 година, тоа значи дека за нецела деценија и пол Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари. Двојно поголема е бројката на медицинскиот кадар односно повеќе од 11.000.

– Заминуваат во земјите на Европска Унија, а прво место зазема Германија. Една од причините се лошите услови во кои работат лекарите поради недостигот на инфраструктура. Тука секако се и ниските плати споредено со оние кои ги добиваат во западноевропските земји, како и поголемите можности за нивно усовршување, истакнуваат албанските медиуми.

Посочуваат дека нивното заминување создава бројни празнини во здравствениот систем, не само во здравствени домови и регионалните болници, туку и во главниот град. Во ваква ситуација се очекува албанското население наскоро да се соочи со недостиг од матични лекари и лекари од итната медицинска помош, гранки кои не ги претпочитаат младите лекари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk