Home » Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

by Журнал.мк

Во поглед на уставните измени нашиот став е дека на Македонија и треба ЕУ заради европски институции, реформирано правосудство, повеќе неповратни парични грантови кои достигнуваат и до милијарди евра, изјавил Моника Зајкова – претседателка на Либерално демократската партија (ЛДП) во интервју за Фронтлајн.

„Да ги оставиме на страна партиските интереси, да се фокусираме на државните и граѓанските интереси, потребно е итно да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи во државава. Ставот на ЛДП е јасен. Ние го слушаме народот и учиме од грешките. Граѓаните на последните избори јасно кажаа дека сакаат да нè видат со обединет став во поглед на националните позиции. Затоа и веднаш излеговме со предлог за креативни решенија, кој беше прифатен по дури 6 месеци. ЛДП секогаш помагала и ќе помага кога е тоа во интерес на државата и граѓаните“.

Побаравме, вели таа во интервјуто, да се формира Совет од сите партии бидејќи голем дел од партиите членуваме во европските семејства, ние како центристичка партија во групата на Либерали и демократи, има партии и во левите, во десните блокови.

– Да направиме еден Совет каде што не мора да имаме исти ставови по однос на секојдневните прашања, но ќе имаме координација по однос на позициите на меѓународно ниво и никогаш не е доцна тоа да се формира. Воедно побаравме средба со цел да се запознаеме со Стратегијата на Владата и напорите кои истата ги вложи изминативе месеци во полето на евроинтеграциите. Можеби не говориме многу во јавноста, но кога имаме конкретен предлог за кој сме убедени дека постои поддршка, излегуваме го кажуваме и подготвени сме да помогнеме. Во поглед на уставните измени нашиот став е дека на Македонија и треба ЕУ заради европски институции, реформирано правосудство, повеќе неповратни парични грантови кои достигнуваат и до милијарди евра. Во таа насока секогаш и сме се воделе. Она што ние го предложивме за уставните измени е одложено дејство преку креативна интерпретација на Заклучоците на Советот, во кои не стои децидна обврска уставните измени да стапат во сила веднаш и еве, сите да лобираме за тој дел, наведува таа.

По однос на Бугарија, Зајкова вели дека, тие си имаат своја национална реторика, сметам дека ние не треба да се обидуваме да наметнеме како они сакаме да не гледаат, туку да си се гледаме себеси и да работиме на нашата цел да станеме полноправна членка на ЕУ и сите да нè гледаат како европска држава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk