Денеска имав продуктивен состанок со г-дин Амер Капетановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка (RCC), на кој разговаравме за клучните приоритети за подобрување на дигиталната трансформација, сајбер безбедноста и економската конкурентност на државите во Западен Балкан.
Силен и интегриран регионален пристап е од суштинско значење за отклучување на нови можности, поттикнување иновации и обезбедување отпорен дигитален екосистем од кој имаат корист сите граѓани и компании.
Македонија останува посветена на регионалната соработка како движечка сила за напредок. Затоа најавувам тесна соработка и нешто големо во текот на 2025.