Home » YouTube тестира броење лајкови и коментари во реално време

YouTube тестира броење лајкови и коментари во реално време

by Журнал

YouTube не секогаш ги известува корисниците кога воведува нови функции, но оваа неодамнешна промена е доста корисна

Станува збор за тоа што YouTube на некои луѓе им овозможи да го видат бројот на лајкови и коментари во реално време, односно нивната промена „од минута во минута“.

Моментално бројот на лајкови и коментари не се менува додека гледате видео, но новата функција на Android апликацијата го овозможува тоа, со интересна анимација.

Како што пишува веб-страницата Android Police, се чини дека промената на бројот на лајкови и коментари не зависи од тоа дали вашето видео е паузирано или моментално го гледате.

Веб-страницата исто така додава дека е тешко да се каже кога функцијата пристигнала на YouTube, со оглед на тоа што тимот кој стои зад платформата не објавил ништо за тоа.

Можеби затоа што функцијата сè уште е ограничена на одредени корисници и региони, при што еден официјален претставник рече дека „ако видите дека вашиот YouTube изгледа малку поинаку, тоа е веројатно експериментална функција“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk