17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

YouTube Shorts видео форматот пристигнува во март (ВИДЕО)

Најчитани вести

Откако првобитно беше достапен како бета верзија во Индија, YouTube потврди дека Shorts видео форматот на компанијата пристигнува во САД во текот на март.

Растот и популарноста на видео услугите со краток формат, како што се TikTok и Vine, во текот на последните 18 месеци, сигурно не поминаа незабележани од гигантите како YouTube. Видовме и претходно дека Instagram го објави својот конкурент во TikTok стил, наречен Reels, кој веќе забележа одреден успех.

YouTube Shorts би требало да им помогне на креаторите, на својата публика да и пристапат директно од YouTube, одржувајќи ја постоечката база претплатници, додека истовремено постои со подолги формати на содржини и видеа. Бета-тестот во Индија очигледно беше многу успешен, а YouTube Shorts забележа 3,5 милијарди дневни прегледи на глобално ниво за содржина со пократок формат.

Од март, креаторите од САД ќе можат да уфрлаат Shorts содржини преку YouTube мобилната апликација. Бета-верзијата ќе се прошири и се посочува дека не се работи за целосна најава. Нема информации за тоа кога YouTube Shorts ќе стане достапен до поширокиот број наглобални корисници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести