Home » YouTube Premium поскапува повеќе од 50 проценти на одредени пазари

YouTube Premium поскапува повеќе од 50 проценти на одредени пазари

by Lina Muslija
Услугата за претплата на YouTube, чија главна предност е репродукција на содржина без реклами, има цени кои значително се разликуваат од земја до земја, a сега спроведува и селективно зголемување на цените

Деновиве е најавен нов бран поскапувања на дигиталните претплати од видео сервисот на Google, YouTube. Претплатниците на YouTube Premium во неколку земји се известени дека нивните планови за претплата, без разлика дали се лични или семејни, ќе бидат зголемени. Во некои случаи, новите цени се и до 50% повисоки од претходните, па очекувано, многумина веќе почнаа на социјалните мрежи да го изразуваат своето незадоволство и да ја откажуваат услугата.

Новите, повисоки цени ќе влијаат на корисниците од Аргентина, Ирска, Швајцарија, Австрија, Австралија, Чиле, Германија, Полска, Турција, Чешка, Сингапур, Обединетите Арапски Емирати, Малезија, Саудиска Арабија, Индонезија, Колумбија и Тајланд (како како и оние кои се поврзани преку VPN преку тие земји кои користат поевтини претплати). Во ова поскапување најлошо ќе поминат претплатниците од Норвешка и Шведска, за кои семејните пакети ќе се зголемат за 50, односно 56%, а поединечните пакувања за 42 и 25%, соодветно.

Во останатите споменати европски земји индивидуалните претплати ќе поскапат за околу 16%, а семејните до 44%. На пример, во Ирска, Италија, Белгија и Холандија персоналниот пакет наместо досегашните 11,99 евра ќе чини 13,99 евра, а семејниот наместо 17,99 евра ќе чини 25,99 евра. За некои, YouTube ќе биде поскап од Max, Amazon Prime и Netflix – заедно.

Ревидираниот ценовник ќе стапи на сила од 1 ноември за сите нови претплатници. За постојните корисници, актуелните цени ќе важат во наредните три месеци. Доколку случајно се претплатите преку некој од уредите на Apple, односно преку App Store, тогаш цената дополнително ќе биде зголемена за нивната провизија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk