Xiaomi Mi Mix 4 ќе има дисплеј од 90Hz и поддршка за 40W полнење

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Минатата недела се појавија протечени информации со детали за Xiaomi Mi Mix 4 телефонот, кои вклучуваат спецификации на камерата, конфигурации на меморијата и софтверските функции. Меѓутоа, од извештајот изостанаа некои интересни детали.

Објавата на Weibo страниците сега споменува дека Mi Mix 4 ќе има екран со освежување од 90 херци, како и поддршка за 40W брзо полнење. Исто така, за да се задржи дизајнот на целосен екран од претходните Mi Mix генерации, најновиот модел во семејството ќе има pop-up механизам за предната камера.

Потребно е да се истакне дека најновите информации се во домен на гласини, така што треба да се земат со резерва, посебно бидејќи изворот кои стои зад нив не е долго присутен и не е познато колку е доверлив.извор: USB.mk

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.