27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Xiaomi Mi 11 Ultra ќе има секундарен екран и 120x зумирање (ВИДЕО)

Најчитани вести

Xiaomi Mi 11 беше претставен кон крајот на минатата година, а потоа глобално беше објавен на почетокот на оваа недела. Многумина очекуваа дека заедно со стандардниот Mi 11 ќе бидат објавени и Mi 11 Pro и Mi 11 Lite моделите, но тоа не се случи. Сè уште нема официјални детали од кинеската компанија за постоењето на овие модели.

Сепак, Mi 11 Ultra се појави во видео снимка, објавено од филипинскиот YouTube каналот Tech Buff PH. Видеото во моментов има приватен статус, но претходно беше успешно преземено и ставено на располагање на јавноста.

Xiaomi Mi 11 Ultra има поголемо испакнување за камерата на задната страна, каде се наоѓаат 50MP главна камера, 48MP ултраширокa и 48MP перископ сензор. Постои и LED блиц, како и секундарен екран, што може да биде од помош кога креирате селфи со главната задна камера.

Видеото покажува два модела – едниот во бела, а другиот во црна боја. И двата имаат 120x перископ камери со 120x зумирање. Белата варијанта на телефонот под ознакат 120x има испишано „Ultra Pixel AI Camera“, додека на црниот модел е напишано „120X, 12-120mm, 1: 1.95-4.1“. Не е познато зошто двата модела имаат различен текст, но можно е причината да е дека се работи за прототипи.

Според информациите на YouTube каналот, Mi 11 Ultra користи 6.81-инчен WQHD+ 120Hz закривен OLED екран со Gorilla Glass Victus заштита и има селфи камера од 20MP. Чипсетот, што го покренува телефонот, секако е Snapdragon 888, а тука е и новиот MIUI 12.5 интерфејс.

Останатите карактеристики на телефонот се 5G поддршка, IP68 сертификат, Harman/Kardon звучници и батерија од 5000mAh со поддршка за 67W брзо и безжично полнење, како и 10W обратно безжично полнење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести