Home » Xiaomi има план – повеќе од 15 милијарди долари за да го урне Apple

Xiaomi има план – повеќе од 15 милијарди долари за да го урне Apple

by Журнал.мк

Xiaomi ќе инвестира повеќе од 15 милијарди долари во следните пет години на развој и истражување за да го симне Apple од тронот на најголеми производител на паметни телефони.

Целта им е да станат број еден во Кина, а потоа и на глобалниот светски пазар и да го соборат Apple од првото место.

Леи Јун, извршен директор и основач на Xiaomi, рече дека нивната цел е да го достигнат целосното ниво на Apple и да станат број еден во следните три години.

Минатата година Apple го престигна Samsung и стана најголем продавач на паметни телефони во светот, а по шест години станаа број еден и во Кина.

Таму го симнаа Vivo од врвот и насекаде го држат првото место.

Xiaomi сега ќе потроши над 15 милијарди долари за да ги собори и ќе отвори уште 20.000 малопродажни места само во Кина. Моментално се први во Европа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More