17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Xiaomi 12 серијата претставена глобално – цената под 1000 долари

Најчитани вести

Компанијата Xiaomi официјално ја претстави Xiaomi 12 серијата телефони, кои ја сочинуваат три премиум модели.

Xiaomi 12 Pro, Xiaomi 12 и Xiaomi 12X моделите ги красат врвни спецификации за видеографија и забава, подобрен AI, моќен процесор и подобро корисничко искуство.

Xiaomi 12 Pro и Xiaomi 12 користат Snapdragon 8 Gen 1 процесор на Qualcomm, додека Xiaomi 12X работи со Snapdragon 870 5G чипсет. Сите три уреди доаѓаат со UFS 3.1 брзина на преземање и пренос на податоци, заедно со LPDDR5 RAM брзина до 6400 Mbps.

Xiaomi 12 серијата има и системи за ладење со високи перформанси, комбинирани со ултра голема комора за пареа и повеќе слоеви графит за ладење на уредот на највисоко ниво.

Телефоните имаат AMOLED Dot дисплеј, со Corning Gorilla Glass Victus заштита, поддршка за TrueColor и HDR10+. Xiaomi 12 Pro има 6,73-инчен WQHD+ екран и користи AdaptiveSinc Pro технологија за освежување помеѓу 1Hz и 120Hz. Xiaomi 12 и Xiaomi 12X користат Full HD+ екрани со  6,28 инчи, со AdaptiveSinc од 120 Hz.

Во областа на камерите, Xiaomi 12 Pro го има најмоќниот систем со три камери од 50 MP, вклучувајќи го и главниот сензор Sony IMX707 од 50 MP. Xiaomi 12 и Xiaomi 12X имаат ултраширока камера од 13MP, заедно со телемакро камера од 5MP, со главен сензор од 50MP. AI Cinema со еден клик е достапна за сите три телефони, нудејќи голем број креативни опции за уредување на стоп видео, како што се режимите Parallel World, Freeze Frame Video и Magic Zoom.

За софтверска поддршка е задолжен MIUI 13 интерфејсот, а донесува побрзо складирање, поголема ефикасност на позадинските процеси, попаметна обработка и подолго траење на батеријата. Складирањето течности, атомизираната меморија, како и функциите Focused Memory и SmartBalance придонесуваат за подобро корисничко искуство.

Xiaomi 12 Pro користи HyperCharge полнење од 120 W. Батеријата од 4600 mAh може целосно да се наполни за само 18 минути со помош на Boost режимот. Xiaomi 12 и Xiaomi 12X имаат батерии од 4500 mAh и поддржуваат турбо полнење од 67 W. Xiaomi 12 Pro и Xiaomi 12 поддржуваат и безжично полнење од 50 W и обратно полнење од 10 W.

Корисниците на Xiaomi 12 серијата ќе добијат до три месеци бесплатно користење на YouTube Premium платформата, која овозможува пристап до најдобрата содржина без реклами и офлајн, во регионите каде што е достапна.

Xiaomi 12 Pro доаѓа во две варијанти, 8GB + 256GB, 12GB + 256GB со почетна цена од 999 долари. Xiaomi 12 доаѓа во три варијанти, 8GB + 128GB, 8GB + 256GB, 12GB + 256GB, а почетната малопродажна цена изнесувса 749 долари.

Xiaomi 12X доаѓа во две варијанти, 8GB + 128GB, 8GB + 256GB со почетна цена од 649 долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com