20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Xiaomi ќе го објави RedmiBook Pro со Intel Core процесор од 11. генерација

Најчитани вести

Intel во текот на CES 2021 виртуелниот саем  ги претстави своите најнови чипсети, а Xiaomi беше меѓу првите што објави дека ќе го претстави својот нов RedmiBook Pro лаптоп со нова платформа. Лаптопот ќе користи процесор од H Tiger Lake серијата, која е помоќна верзија на актуелната U серија.

RedmiBook Pro на Xiaomi ќе биде претставен за време на настан што ќе се одржи следниот месец, во сличен период кога се очекува и објавата на Redmi K40 серијата телефони

Tiger Lake H35 процесорите на Intel се ориентирани кон перформанси, па затоа може да се очекува дека RedmiBook Pro повеќе ќе биде насочен кон сурови перформанси отколку на траење на батеријата. Повеќе детали ќе бидат достапни во наредниот период.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести