15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Xiaomi има нов концепт телефон, со екран закривен од сите четири страни (ВИДЕО)

Најчитани вести

Последниот концептен телефон што го прикажа Xiaomi беше Mi Mix Alpha од септември 2019 година. Сега компанијата прикажа различен тип на заоблен дисплеј, кој се закривува околу рабовите, од левата и десната, но и од горната и долната страна.

Xiaomi ова го нарекува hyper quad-curved екран од 88 степени, а во прашање е најекстремната форма на закривен екран што досега сме имале прилика да ја видиме.

Концепт уредот нема портови ниту физички копчиња. Новиот дисплеј има четири заоблени засеци во аглите, а друг интересен избор е позиционирањето на статусната лента во горниот десен агол.

Иако промотивните фотографии и видеото покажуваат само рендери, а не конкретен уред, претставниците на Xioami потврдија дека постои прототип со новиот hyper quad-curved екран. Засега нема информации за можна комерцијална употреба на овој телефон или споменатиот дисплеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести