3.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Xiaomi го престигна Apple, сега е втор во светот

Најчитани вести

Xiaomi имаше удел од 17% во глобалната испорака на паметни телефони во периодот од април до јуни, со што го турна Apple на трето место со 14% удел. Јужнокорејскиот Samsung со учество од 19% ја задржа првата позиција, пренесува CNBC.

Xiaomi забрзано го зголемува обемот на работа во странство, рече директорот за истражување на Каналис, Бен Стантон, во соопштението за јавноста, истакнувајќи дека испораките на компанијата во Латинска Америка пораснале за 300 проценти на годишно ниво, а во Западна Европа за 50 проценти.

Кинескиот производител на паметни телефони забележа годишен раст на испораките за 83 проценти, Samsong за 15 проценти и Apple за само 1,0 проценти.

Стентон, сепак, смета дека сликата за учеството на Xiaomi на глобалниот пазар на паметни телефони е искривена од ориентацијата на компанијата кон масовниот пазар, каде цената на нејзините телефони е за 75 проценти пониска од онаа на Apple. Компанијата со седиште во Пекинг сега се обидува да се пробие на луксузниот, премиум пазар на паметни телефони со модели како што се Xiaomi Mi 11 Ultra и Mi Mix 4.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести