„Горда сум на сите настани, работлници и конференции кои сме ги организирале досега и ќе продолжиме да го правиме тоа и понатаму со уште поголемо темпо. Нашата цел е да ја доближиме технологија преку едукација до сите, во најразлични теми од технолошкиот свет. Воедно, со тоа ги поддржуваме и потикнуваме развој на петте цели за одржлив развој: едукација, бизнис и претприемништво, дигитална и социјална инклузија, застапување и родова еднаквост. Верувам дека сите наши активности носат промена во развивање и исполнување на овие цели, а наградата за една од категориите не мотивира само да продолжиме напред. Честитки и до локалните организации од Холандија, Перу, Јужна Африка и Португалија за освоените награди во поддржување и работа кон реализација на останатите четири цели.“

Тимот на Women in Tech Macedonia продолжува со активности кон реализација на нашите цели па следете не на Facebook & LinkedIn за следните настани кои доаѓаат овој месец. Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.