Home » Wizzair драстично ги крати летовите за Балканот

Wizzair драстично ги крати летовите за Балканот

by Журнал.мк

Нискобуџетната авиокомпанија Визер во последниот квартал од годинава планира да го намали капацитетот на превоз на патници од скопскиот аеродром за 22,6% (125.726 седишта во однос на лани) и од охридскиот за 32,6% (17.858 седишта), пишува порталот EX-YU aviation news.

Според порталот авиокомпанијата во последниот квартал од годинава планира да намали 330.000 седишта од пазарот на Поранешна Југославија. Од Белград ќе го намали својот вкупен капацитет во последниот квартал од годината за 27,6% односно 148.292 седишта, додека во Ниш ќе има 36.316 помалку места или намалување од 57,2% во однос на 2023 година.

Во Подгорица, Визер го намалува капацитетот за 7,3%, а во Љубљана превозникот ќе има 44,9% помал капацитет на словенечкиот пазар или 11.756 седишта помалку.

Единствено зголемување на бројот на летови има од Сараево и тоа од Лутон и Сараево, како и со започнувањето на операциите меѓу Рим и главниот град на Босна и Херцеговина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More