Секогаш кога ќе пристигне ажурирање на „Microsoft Windows“, корисниците добиваат главоболки. И овој пат лошото чувство не ги измами.
Најновото ажурирање за „Windows 11 24H2“ (KB5050009) беше објавено на 14-ти јануари, а „Windows Latest“ известува дека многу корисници забележале проблеми со нивниот „Bluetooth“ адаптер по инсталацијата.
Имено, „Bluetooth“ слушалките на корисниците не работат, иако можат да се поврзат со компјутерот, тие не произведуваат никаков звук.
Исто така, имаше проблеми со повторното спарување на слушалките, а единствениот начин да се реши проблемот беше да се деинсталира ажурирањето, по што се се врати во нормала.
Се чини дека жичните слушалки не поминаа ништо подобро, бидејќи ниту тие не работеа правилно.
Исто така, некои модели на веб-камери не работеа по најновото ажурирање на „Windows“, бидејќи оперативниот систем повеќе не ги детектираше, на ова се жалеа оние што користат, поточно, компјутерите на „Dell“ и „HP“.