19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Windows 10 ќе може да се инсталира на MacBook со M1 чип

Најчитани вести

Apple минатата година ги претстави своите Mac mini и MacBook компјутери базирани на ARM M1 чипсетот. И покрај импресивните карактеристики и перформанси во речиси сите сценарија, таму каде што ARM заснованите Mac уреди заостануваат е неможноста за покренување на Windows преку BootCamp.

Сега, благодарение на ажурирањето на Parallels Desktop, корисниците конечно можат да го инсталираат Windows 10 на нивните M1 Mac компјутери. Parallels Desktop е ажуриран на верзијата 16.5, што обезбедува целосна поддршка за виртуелизација, како за MacBook уредите со Intel, така и за моделите со Apple M1 чип. Windows апликациите на MacBook лаптопите со M1 чип сега можат да се покренуваат со Mac или iOS апликациите на Big Sur.

Меѓутоа, тука постои и еден недостаток. Верзијата на Windows 10 на Parallels Desktop е Windows 10 за ARM, која сама по себе нема поддршка за голем број Windows апликации. Microsoft истакна дека Windows 10 за ARM наскоро ќе може да емулира x64 апликации.

Но, дури и кога оваа поддршка ќе стане достапна, M1 Mac лаптопите прво ќе го емулираат Windows оперативниот систем, а Windows 10 за ARM преку порт ќе емулира x64 апликации. Поради тоа, не се очекуваат врвни перформанси од самиот старт.

Се сугерира дека најновото ажурирање овозможува некои подобрувања на перформансите и батеријата кога софтверот се покренува на Intel Mac уредите. Ова вклучува помала потрошувачка на енергијата за 2,5 пати во однос на 2020 MacBook Air со Intel чип; тука е и подобрување на перформансите од 30 проценти во Geekbench 5 во однос на MacBookPro со Intel Core i9-8950HK процесор во истите услови. Покрај тоа, Apple M1 интегрираниот GPU е 60 проценти побрз AMD Radeon Pro 555X GPU во DirectX 11 апликациите кога се користи Windows со Parallels Desktop 16.5 верзија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести