WhatsApp постојано тестира нови функции преку своите бета канали, а обично е потребно неколку месеци тие да станат достапни за сите корисници. Сега оваа апликација доби повеќе новини истовремено.
Показатели за онлајн статус се појавија во групните четови, така што корисникот може да види кои членови се достапни веднаш под името на групата.
Корисникот отсега може да избере да прима само „Highlight“ известувања од групите, што ги ограничува нотификациите на спомнувања, одговори и пораки од зачувани контакти. Исто така, корисникот може да креира настан во „еден на еден“ чет, да одговори со „можеби“, да покани дополнителна личност („плус 1“), да додаде датум и време на завршување за поголеми настани и да го истакне настанот во четот.
Сега е можно да се допре туѓа реакција и на ист начин да се реагира на порака, а воведена е и можноста за скенирање и испраќање документи директно преку WhatsApp за iOS со достапни опции за сечење и зачувување.
WhatsApp на iOS сега може да се постави како стандардна апликација за испраќање пораки и остварување повици – потребно е само да се избере Settings → Default → WhatsApp и тоа е сè.
Со гестот „рашири со прсти“ може да се зумира видеоповици на iOS, а додадена е и можноста за додавање трет член во „еден на еден“ разговор директно од четот. Видеоповиците сега се поквалитетни и понадежни, а овозможено е и брзо преминување на HD квалитет ако брзината на интернетот е доволна.
Администраторите на канали сега можат да снимаат и споделуваат кратки видеа до 60 секунди со своите следбеници.
За каналите се достапни транскрипти од гласовните пораки, а можно е и да се креира QR код кој води директно до каналот – но оваа можност е резервирана само за сопствениците на каналите.