Home » WhatsApp овозможи споделување канали користејќи QR код

WhatsApp овозможи споделување канали користејќи QR код

by Журнал.мк

Во изминатиот период се шпекулираше дека WhatsApp работи на нова функција базирана на QR код, со која ќе се олесни пристапот до каналите, а сега таа функција стана реалност.

Во изминатиот период се шпекулираше дека WhatsApp работи на нова функција базирана на QR код, со која ќе се олесни пристапот до каналите, а сега таа функција стана реалност.

Најновата бета верзија на WhatsApp за Android, верзија 2.24.25.7, воведува нова функција која им овозможува на корисниците да скенираат QR кодови за да ги гледаат и следат каналите.

Оние кои имаат пристап до оваа функција можат лесно да ја користат во само три чекори. Треба да го отворите каналот, да ја допрете опцијата за споделување во горната лента и да ја изберете опцијата QR код.

Откако ќе се креира кодот, многу е полесно да се споделуваат не само канали, туку и сè друго во споредба со олд-скул испраќањето. Оваа функција ќе биде корисна во ситуации лице в лице, бидејќи корисниците ќе можат брзо да го скенираат кодот и на тој начин да избегнат какви било дополнителни чекори. По скенирањето на кодот, корисникот веднаш пристапува до каналот, каде што може да ја провери содржината и да ја следи по само еден допир.

Дополнително, функцијата за транскрипција на гласовна порака конечно доаѓа на WhatsApp, но тоа не е сѐ. WhatsApp тестира тематски икони за контакти и групни разговори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk