Home » WhatsApp наскоро добива нова функција: Дали ќе ви биде корисна?

WhatsApp наскоро добива нова функција: Дали ќе ви биде корисна?

by Журнал.мк

WhatsApp подготвува промена која ќе ви помогне да ја персонализирате апликацијата по ваш вкус.

Имено, новата верзија на WhatsApp за Android (2.24.17.19) ќе ја тестира можноста корисниците да избираат теми за своите разговори.

Како што пишуваат специјализираните портали, промената на темата за разговор ќе се врши од менито, а корисниците ќе можат да ги избираат боите на пораките, како и позадината.

Оваа функција веќе постои за Facebook Messenger, кој исто така е во сопственост на Meta како и WhatsApp – па ако имате Messenger, знаете што да очекувате.

Со оглед на тоа што обично е потребно извесно време пред функциите што се во фаза на тестирање всушност да бидат глобално претставени, веројатно ќе треба да почекаме пред оваа функција да биде достапна за сите.

Сегашните прогнози се дека би можел да пристигне до крајот на годината, но бидејќи WhatsApp сè уште не објави ништо официјално, ќе треба да почекаме уште малку.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More