10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

WhatsApp со нова опција си испраќање фотографии и видеа

Најчитани вести

Фејсбук најави воведување на нова функција во WhatsApp, за која вели дека ќе им даде на корисниците „поголема контрола врз нивната приватност“.

Функцијата наречена „View Once“ брише фотографија или видео од разговорот откако примачот ќе ги отвори.

Марк Закерберг ги потврди гласините за оваа опција уште во јуни, без да даде детали кога ќе биде достапна. Функцијата е во бета верзија околу еден месец.

Кога испраќате фотографија или видео, допрете го копчето „1“ лево од копчето за испраќање. Откако примачот ќе ја отвори пораката, таа ќе биде избришана.

Примачот ќе може да види дека се работи за фотографија/видео што исчезнува откако ќе се отвори. Примачот нема да може да проследува, зачувува, означува или споделува фотографија/видео испратена на овој начин.

По гледањето на фотографијата / видеото, пораката ќе се појави како „отворена“, за да се избегне забуна околу „она што се случува во разговорот во тоа време“.

Ако фотографијата или видеото испратени на овој начин не се отворат во рок од 14 дена од испраќањето, после тоа нема да може да се видат.

Сепак, може да се врати од резервна копија ако пораката не е отворена во времето на резервната копија. Ако фотографијата или видеото се веќе отворени, нема да бидат вклучени во резервната копија и не можат да се вратат.

Како примери на ситуации во кои може да се користи оваа функција, Фејсбук наведе испраќање фотографија со чувствителни информации, како што е лозинка за Wi-Fi или фотографија од нова облека што ја пробувате во продавницата.

Сепак, имајте на ум дека таквите фотографии / видеа треба да се испраќаат само на луѓе за кои верувате дека нема да направат скриншот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com