30.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

WhatsApp додава опција за пораки кои исчезнуваат

Најчитани вести

Кон крајот на минатата година, WhatsApp ја додаде можноста да ги присилите вашите пораки да исчезнат, како кај апликацијата Telegram. Во тоа време, единствената поставка беше пораките да исчезнат по седум дена, но според достапните информации, тој избор наскоро ќе се прошири.

Со претстојната верзија на апликацијата, пораките ќе можат да исчезнуваат по 24 часа, а таквата верзија е забележана во развој.

WABetaInfo, доверлив извор во врска со WhatsApp, ја прикажуваа оваа можност во iOS верзијата на апликацијата. Иако на ова очигледно се работи повеќе од еден месец, снимката од екранот е прв визуелен показател дека такво нешто ќе биде можно. Информациите укажуваат дека опцијата на побрзото исчезнување ќе биде достапна на сите WhatsApp платформи, вклучувајќи го и Android. Изборот од седум дена ќе остане опција, иако не е познато дали новото подесување ќе им биде достапно на модераторите на групи.

Времето на појавување на опцијата за 24-часовно исчезнување не е откриено. Меѓутоа, ако се прикажува во функционален кориснички интерфејс, проценката е дека се потребни неколку месеци од доаѓањето на бета верзијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести