23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

WhatsApp додава гласовни и видео повици во својата десктоп апликација

Најчитани вести

Еден-на-еден гласовните и видео повици конечно се достапни во рамките на WhatsApp десктоп апликацијата за Windows и Mac. Популарниот сервис за размена на пораки овие функции досега ги нудеше само за својата мобилна апликација, а кон крајот на минатата година почна со тестови за десктоп апликацијата.

Во објавата, услугата посочува дека е забележан голем раст на бројот на корисници што се јавуваат на WhatsApp во текот на претходната година. Ова не изненадува, со оглед на тоа што пандемијата на коронавирусот доведе до тоа видео и говорните услуги се повеќе да се користат за корисниците да останат во врска со емејството и пријателите.

Со нудење видео повици на компјутери, WhatsApp им овозможува на корисниците појасно да ги видат своите најблиски. Покрај тоа, им овозможува да прават други работи и да се движат додека разговараат.

WhatsApp гласовните и видео повици работат во портрет и панорамска положба, а корисниците можат да го прилагодуваат појавувањето на прозорците за разговори во врвот на другите отворени апликации.

Во моментов, достапни се само еден-на-еден шифрирани повици, за да се осигура дека на веб сè работи како што треба. WhatsApp ветува дека функцијата ќе ја прошири за да ги вклучи групните гласовни и видео повици во иднина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести