13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

VW ID.3 втор најпродаван модел во декември, Zoe омилен ЕВ за 2020

Најчитани вести

Побарувачката за електрични батериски возила е зголемен за двојно повеќе во 2020 во однос на 2019 во Европа со раст од 147 проценти

Електричните и plug-in хибридните возила бележат се поголема популарност во Европа, а доказ за тоа е и растот на продажбата на батериски возила од 147 проценти во 2020 во однос на 2019 година. Во бројки, тоа значи дека лани се продале 1,42 милиони единици, за разлика од 575.000 во 2019.

Ова претставува 12 проценти од новорегистрирани возила во текот на целата година, со тоа што едно од четири батериски возила регистрирани на Стариот континент е произведен од Volkswagen групацијата.

Според податоците кои ги објави Jato, втор најпродаван автомобил во Европа минатиот месец бил VW ID.3. Електричниот хечбек на Volkswagen бил продаден во 27.997 единици, по што следува Tesla Model 3 со 24.567 продадени единици. Првото место за најпродаван модел во декември 2020 година му припадна на конвенционалниот Golf, a Renault Clio, Peugeot 208 и Toyota Yaris ги освоија четвртото, петтото и шестото место на оваа табела.

„Европа е подготвена за ЕВ револуција и резултатите за минатиот месец се чист индикатор дека кога овие автомобили ќе ја достигнат вистинската цена, тогаш го привлекуваат интересот на купувачот и побарувачката се зголемува во однос на популарните дизелски и бензински модели“, изјави глобалниот аналитичар на Jato, Фелипе Муноз.

Zoe најпродаван ЕВ во 2020

Сепак, севкупно најпродаван ЕВ во Европа за 2020 година е Renault Zoe. Од јануари до декември 2020 година, Европјаните одлучиле да го купат Renault Zoe во 99.261 примерок, што е раст од 118 проценти во однос на 2019 година. Вкупната побарувачка за Tesla Model 3 е опадната за 9 проценти, но електричниот седан сепак успеа да го освои второто место со 85.713 продадени единици. Подиумот го комплетира VW ID.3 со 56.118 продадени единици, но тоа е одличен резултат, со оглед на тоа дека електричниот хечбек на Volkswagen се продаваше само неколку месеци минатата година, откако беше пуштен во продажба во септември.

Меѓу останатите популарни батериски возила во Европа се Hyundai Kona Electric која стигна до 47.796 купувачи минатата година. На петтото место е VW e-Golf со 33.650 испорачани возила, а шести е Peugeot e-208 со 31.287 единици. Kia e-Niro забележа раст на продажбата од 208 проценти и оствари 31.019 регистрацции. Nissan Leaf се продаде во 30.916 примероци, што е 5 проценти помалку од 2019 година. На деветтото место е премиум моделот Audi e-Tron со 26.454, а Топ 10 листата ја затвора BMW i3 со 23.113 продадени примероци.

Битката кај plug-in хибридните модели ја доби Mercedes-Benz со својата A-Класа која е продадена во 29.427 единици, а по него следува Mitsubishi Outlander со 26.673 единици и Volvo XC40 со 26.506 регистрации во 2020.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести