21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Најчитани вести

Во март, според Jato Analytics продадени се 1.374.313 нови автомобили во 27 земји членки на Европската унија (ЕУ)

Интересно е да се напомене дека во ова статистичко истражување и анализирање е утврдено дека учество на електрични возила во вкупната продажба достигна до 16 проценти (минатата година учеството на EV изнесуваше 9,7 проценти).

Што се однесува до продажбата по модел, првото место во март тековната 2021 година му припадна на VW Golf (продадени 26.265 примероци, што претставува плус 12 проценти во споредба со март минатата 2020 година).

На второто место е Peugeot 208 (25.429), а на третото место Opel Corsa со 24.540-примероци.

Листа на 10 најпродавани модели во март 2021 во Европа:

  1. Volkswagen Golf 26.265, + 12%
  2. Peugeot 208 25.429, + 169%
  3. Opel Corsa 24.540, + 106%
  4. Tesla Model 3 23.755, + 55%
  5. Toyota Yaris 23.033, + 91%
  6. Volkswagen T-Roc 21.772, + 96%
  7. Citroen C3 21.426, + 223%
  8. Renault Clio 21.219, + 59%
  9. Peugeot 2008 20.960, + 271%
  10. Fiat 500 20.832 + 159%

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести