21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

VW под истрага поради првоаприлската шега!

Најчитани вести

Најголемиот германски производител Volkswagen се најде под нова истрага. Причината за истата е првоаприлската шега.

Имено, неколку денови пред 1 април Volkswagen објави соопштение во кое наведе дека ќе го промени името. На 1 април, на социјалните мрежи ја смени профилната слика со нова на која наместо Volkswagen стоеше натписот Voltswagen, алудирајќи на ерата на електрификација. Сепак, за брзо германскиот производител откри дека се е тоа првоаприлска шега.

Но додека за нив е шега, за Американската Агенција за хартии од вредност отвори истрага поради можна шпекулација од страна на овој производител. За време на објавувањето на соопштението до моментот кога беше објавено дека сето тоа е шала, цените на акциите на Volkswagen Group на Њујоршката берза скокнаа за 12,5%.

Сега оваа агенција ќе истражува што влијаело врз порастот на цената и доколку се покаже дека влијание имала првоаприлската шега тогаш производителот ќе биде парично казнет, соопштува Шпигел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести