Home » VW и Stellantis ја претекнаа Tesla

VW и Stellantis ја претекнаа Tesla

by Журнал.мк

Германскиот концерн и француско-италијанско-американскиот автомобилски гигант ги зазедоа првите две места во Европа за продажба на електрични возила во првата половина на 2022 година.

Кога станува збор за електричните автомобили, групацијата Volkswagen во првите шест месеци од оваа година зад себе остави два големи ривали, Stellantis и Tesla. Добар резултат направи и Stellantis, со оглед на тоа што многу им се доближи на Германците, а во однос на продажбата ја престигна Tesla.

Концернот Volkswagen испорача 116.307 електрични возила на клиентите во Европа во првата половина од годината, додека Stellantis беше втор со 105.413 испорачани електрични автомобили.

Tesla е далеку зад, на третата позиција со 78.277 продадени возила, според податоците добиени од Dataforce и објавени од Automotive News Europe.

Податоците се однесуваат на 27 земји од ЕУ, плус Велика Британија, Швајцарија, Исланд и Норвешка.

Најпродаваниот електричен автомобил од Stellantis е новиот Fiat 500.

Иако Tesla е само третопласиран по продажба на ЕВ во Европа, овој производител ги зазема првите две места кога станува збор за поединечни модели.

Најбараниот електричен автомобил во Европа во првите шест месеци од 2022 година е Tesla Model Y (39.969 продадени возила), додека втор е Tesla Model 3 (38.320).

Електричниот Fiat 500 е трет (32.315), Peugeot e-208 четврти (21.918), а Škoda Enyaq iV петти (19.951), како најпродаван електричен модел од групацијата VW.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk