15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Вучиќ уште еднаш повтори дека ДОДЕКА Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕМА ДА СЕ ПРИЗНАЕ КОСОВО

Најчитани вести

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јасно стави до знаење дека, додека тој е претседател, до изборите во 2022 година, нема да има признавање на Косово и дека ваквиот став нема да се промени.

– Не знам што треба да се случи, за да тоа се промени. Дадовме се од себе. Водевме паметна политика, ја спасивме Србија од конфликт, се сочуваа животите на оние кои сакаат да останат на Косово и Метохија. Инвестиравме во нивниот опстанок, без да го загрозуваме мирот. Знам илјадници луѓе кои едвај чекаат нов конфликт и ќе најдат безброј причини за конфликт наводно заради правда и правичност. А, ако ги прашаат дали нивниот брат или дете ќе се вратат утре во ковчегот, тогаш е поинаку – рече Вучиќ.

– Ние водевме тешка политика, српска политика, ги штитевме националните интереси и се грижевме да не влегуваме во конфликт со целиот свет и да избегнеме каков било вооружен судир. Не затоа што сме послаби, туку затоа што не е потребно. На Србија и треба развој – рече Вучиќ.

Претседателот на Србија посочува дека „тешко е да се разговара со Албанците“.

– Сè што гледате е кампања на дневно ниво против Србите, Србија и нејзиниот претседател. Србите би биле добри кога би ја признале независноста на Косово, а само еден ден подоцна би почнеле барања за воена отштета, два дена подоцна „признајте дека сте извршиле геноцид“. И тогаш гледате дека разговарате со луѓе кои не сакаат да ве убедат дека можеме да сториме нешто заедно – рече Вучиќ.

Сите нивни разговори, посочи тој, се сведуваат на „меѓусебно признавање“, а иако 100 пати е повторено дека Вучиќ не го интересира тоа.

– Што доби Србија? Во нивното раководство мора да има промена на свеста, потребен е притисок од ЕУ за да се исполни потпишаното, и зошто ЕУ е гарант – оцени Вучиќ и додаде дека се додека тоа не се исполни, тој не верува дека некој имаат голема доверба во веродостојноста на разговорите, во сериозноста, одговорноста и можните испораки на какви било посериозни резултати.

На прашањето дали се плаши од зајакнување на оската Берлин-Вашингтон по победата на Џо Бајден и дали тие ќе бидат на линија: или признавање на Косово или ништо од ЕУ, претседателот рече:

– Тоа беше нивната линија уште од ппретходно  и не се сомневам дека сега ќе биде поизразена. Повторно, морам да кажам дека имав многу добар разговор со претседателот (на Франција) Емануел Макрон и фер разговор со канцеларката (Ангела) Меркел. Не е лесен ден пред нас, но нема да биде прв пат – изјави претседателот Вучиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести