Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека се води од потребите на земјата, државата и народот и дека ќе донесе одлука за изборите соодветно.
„Ќе имаме избори кога ќе дојде време. Тоа зависи од надлежните институции, но тие сакаат да ги соборат сите институции“, рече Вучиќ на прес-конференција, коментирајќи ги барањата на студентите за предвремени избори.
Тој повтори дека се знае кој одлучува за предвремени избори, а тој ќе процени кога е добро за земјата тие да се одржат.
Посочи дека неговите тврдења ќе се докажат како точни на изборите во Зајечар и Косјериќ следниот викенд.