Home » Вучиќ: Се поблиску сме до голем светски конфликт

Вучиќ: Се поблиску сме до голем светски конфликт

by Журнал.мк

Сакам да изразам искрено сочувство до граѓаните и раководството на Русија со надеж дека терористите ќе бидат уапсени и се надевам дека тоа никогаш нема да се повтори, трагичен настан кој има свои несогледливи последици. Нема сомнеж дека ќе има натамошна ескалација во Украина, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на телевизијата ТВ Прва.

-Секој ден сме се поблиску до голем светски конфликт кој, се плашам, ќе однесе повеќе животи од Втората светска војна – рече тој.

Во секој случај, додаде Вучиќ, важно што Србија е една од најбезбедните земји во светот.

-Важно е да ги преземеме сите неопходни мерки. Никогаш не можете да бидете сигурни што ќе се случи некаде и како, но треба да испратиме полиција да ги запоседне трговските центри, стадионите, секаде каде што имаме голем број луѓе. Да се ​​подготвиме за тоа, да го спасиме нашето население – порача тој.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More