Home » Вучиќ на вечера кај Орбан: „Врските меѓу двете земји се сѐ подлабоки“

Вучиќ на вечера кај Орбан: „Врските меѓу двете земји се сѐ подлабоки“

by Журнал.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигнаа во Будимпешта, каде што ќе учествува на седницата на Советот за стратешка соработка меѓу Србија и Унгарија.

Вучиќ присуствуваше на вечерата организирана од претседателот и од премиерот на Унгарија, Тамаш Сујок и Виктор Орбан.

По тој повод, претседателот на својот официјален Инстаграм профил објави резиме од денешната посета на Будимпешта, каде беа потпишани важни документи за билатерална соработка и му се заблагодари на Орбан за пријателството.

„Нашите врски се сѐ подлабоки и подлабоки – суштински, структурно, политички, економски и меѓучовечки.

Благодарен сум што можеме да разговараме за поврзувањето на нашите земји во сферата на енергетиката, за инвестициите во гасните централи, за изградбата на далноводи и мрежата на Панонскиот коридор.

Србија секогаш ќе биде доверлив партнер на Унгарија, бидејќи знаеме дека секогаш ќе имаме пријатели во Унгарија на ист начин како што со право можат да го очекуваат тоа од Србија. Ви благодариме што го поддржувате нашето европско патување, тоа е многу важно за нас“, напиша српскиот претседател и додаде:

„П.С. На крајот од видеото, Виктор Орбан ми препорачува да не работиме во недела. Не знам дали да го послушам или да го избришам тој дел!“, се пошегува претседателот Вучиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk