Home » Вучиќ бара смртна казна за убијците на Данка: Невино детенце починало поради лудаци и психопати

Вучиќ бара смртна казна за убијците на Данка: Невино детенце починало поради лудаци и психопати

by Журнал.мк

Претседателот на Србија Александар Вучиќ писмено ќе предложи да се промени Кривичниот Законик на Србија и да се воведе смртна казна после убиството на малата Данка Илиќ.

-Своевремено се залагав јавно и ја замолив владата на Србија да разговара со Советот на Европа и да види дали е можно повторно да ја воведеме смртната казна, а да не сносиме последици. Ако некое дело заслужува смртна казна, тогаш ова е тоа дело – изјави тој и додаде дека писмено ќе предложи повторно таква промена на Кривичниот Законик.

Според него, во ред е да има смртна казна кога работите се ,,очигледни” но рече и дека ги разбира противниците на оваа идеја, затоа што ако еднаш се направи грешка и се досуди смртна казна на некој што е невин, а за 30 години се докаже дека бил невин, тогаш тоа е многу поголем грев одошто да му се досуди некому пониска казна.

-Пред да соопштам за смртта на Данка, знаевме дека детето е удрено со автомобил и уште неколку детали. Но не знаевме со сигурност. И тогаш Гашиќ ми соопшти и дознавме дека детето не починало од ударот на автомобилот туку подоцна. Ако тогаш кога го соопштував тоа, покажев емоција, секој со право ќе ви рече дека тоа е неумесно. Како да се чувствувате кога знаете дека невино детенце починало поради лудаци и психопати – праша Вучиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More