Home » Второ дете на 4 години и комплетно вакцинирано со голема кашлица било хоспитализирано на Детска клиника

Второ дете на 4 години и комплетно вакцинирано со голема кашлица било хоспитализирано на Детска клиника

by Журнал

Четиригодишно дете е нов случај регистриран со пертусис (голема кашлица) на скопската Клиника за детски болести, информираат од таму за „Фокус“.

Детето е комплетно вакцинирано и на клиниката било хоспитализирано поради други здравствени проблеми, кои претходно ги имало.

„Детето се лекува подолг период кај нас на клиниката, ама поради одредени респираторни симптоми се направени дополнителни испитувања и е потврдено дека има голема кашлица. Протоколарно се е преземено и постапено. Детето е ставено во изолација и веднаш е почнато со терапија.

Според вакциналниот календар, детето е компетно вакцинирано, што му овозможува помал развој на симптомите или полесна клиничка слика“, истакна во изјава за „Фокус’, доктор Весна Мицевска, претседател на Комисијата за ИХИ.

Ова е второ дете, кое се лекува на скопската Детска клиника од голема кашлица.

Денеска заседавеше и Комисијата за заразни болести, кои предлагаат да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје.

„18 заразени со голема кашлица, овој број расте, па препорачуваме епидемија за град Скопје. Тоа треба да ни помогне во спречување на ризикот. Очекуваме да излезе упатство за постапување во ситуации на епидемии.

Клучните активности треба да се насочени на пополнување на промашените вакцини, за пертусис, не е вакцинацијата на задоволително ниво“ рече првиот човек на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

„Препорачуваме на забрана за носење деца невакцинирани од пертусис во градинка. Фокусот е во заштита на најмалите, сите родители да се придржуваат до распоредот за вакцинација, која започнува од вториот месец“ порача Петличковски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk