Home » Втора тешка сообраќајка за една недела помеѓу мотоцикл и автомобил во Неготино

Втора тешка сообраќајка за една недела помеѓу мотоцикл и автомобил во Неготино

by Журнал.мк

Околу 40 минути по полноќ, во Неготино се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.В.(34) од село Возарци, кавадаречко, и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Виничани, општина Градско. Настанот се случил на крстосница помеѓу улицата ,,Индустриска” и локалниот пат за село Курија.

Како што информираат од СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот од село Виничани, констатирани во Градската општа болница Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Минатиот викенд, во петокот, исто така во Неготино се случи сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл и автомобил, на улица ,,Индустриска” на излезот кон Кавадарци, околу 21 часот.

Во истата учествуваа патничко возило „пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Виница и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(54) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци, а увид изврши увидна екипа од ОВР Неготино.

Наспроти честите сообраќајни незгоди и несреќи во градот, редовни се и апелите на граѓаните, за засилени сообраќајни контроли, посебно во вечерните часови тек на викендите. Со години наназад, актуелни се и апелите за поставување на успорувачи на брзина (легнати полицајци) на повеќе локации во градот, каде е редовна праксата да се вози побргу од дозволеното.

Од општината, барем засега нема најава за поставување на легнати полицајци на спорните локации, туку се разгледувала можност за изградба на кружни текови на ,,Индустриска” на излезот кон Кавадарци, како и евентуална изградба на кружен тек на раскрсницата во центарот на ,,Маршал Тито”, улица позната по ноќното брзо возење.

Фото Сообраќајката која се случи во петокот на Индустриска

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk