Home » Втора лоша вест во неполни 48 часа: Се повреди уште едно летно засилување на Мота

Втора лоша вест во неполни 48 часа: Се повреди уште едно летно засилување на Мота

by Lina Muslija

Тиаго Мота направи поголем ремонт во Јувентус и тимот изгледа сосема поразлично од оној од минатата сезона, но стартот на месец септември ги донесе и првите проблеми за новиот тренер на „бјанконерите“.

По повредата на Франсиско Консеисао на тренингот на Јувентус, рано утрово пристигна уште една лоша вест од Аргентина, а тоа е проблемот на Нико Гонзалес.

Како што стојат работите, Мота нема да може да смета на двете летни засилувања неколку седмици, бидејќи Гонзалес утрово не го доигра мечот против Чиле и беше изваден на стартот на вториот дел.

Гонзалес се пожали на болки во скочниот зглоб и Скалони како селектор не даде подетално објаснување за повредата, но малку веројатно е дека Нико ќе остане со аргентинскиот тим после ваквите случувања.

Планот е да се врати во Торино за да му бидат направени детални прегледи, по што ќе се знае колку точно ќе отсуствува од терените.

Претходно, за Франсиско Консеисао беше објавено дека ќе паузира измеѓу три и четири седмици поради повреда на мускулот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk