По пет кола во Серија А, лигата има сосема неочекуван лидер. На првото место изненадувачки е екипата на Торино со 11 бода, како еден од трите непоразени клубови во калчото.
Ова е ситуација каква што не е видена речиси пет децении. Првпат по пауза од 47 години екипата на Торино се наоѓа на врвот на табелата по пет рунди во шамионатот. „Биковите“ имаат три победи и два порази на стартот на шампионатот, што во овој момент е доволно за врвот на табелата.
На второто и третото место со по десет бода се Наполи и Удинезе, а интересно во топ пет е и Емполи со девет.
Ваквиот изглед на табелата е благодарение на турбулентниот старт на сезоната на фаворитите. Интер и Милан имаат по две победи, два реми исходи и по еден пораз, Наполи по еден пораз и реми, а Јуве трипати играше нерешено.