Home » Врховен ја укинал пресудата за Васил Јованов за продажба на дрога

Врховен ја укинал пресудата за Васил Јованов за продажба на дрога

by Журнал.мк

Врховниот суд ја укинал пресудата на скопска Апелација со која Васил Јованов беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици.

Одлуката ја донел советот за казниви дела при Врховниот суд една недела пред вчерашната пресуда со која младиот Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајката во која смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин во Скопје. Врховниот суд, како што се наведува во соопштението, на седница одржана на 7 мај го уважил барањето на Васил Јованов за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за поседување и продажба на дрога, што тој го поднел преку адвокат. Инаку, пресудата за ова кривично дело Основниот кривичен суд скопје го зеде како отежнителна околност при донесуавњето на пресудата и одмерувањето на висината на казната што вчера му ја изрече на Јованов за сообраќајката во која ја прегази Фросина Кулакова.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk