Home » Времена забрана за пловидба во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата

Времена забрана за пловидба во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата

by Журнал.мк

Пловидбата по Каналот Студенчишта во Охрид утре ќе биде во прекин, и тоа во периодот од 9:30 до 12 часот, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Eзеро“.

Забраната е воведена поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што во посочениот период ќе се одржува Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.

Од СВР Охрид се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More