Home » Вредноста на биткоинот паѓа за прв пат по победата на Трамп

Вредноста на биткоинот паѓа за прв пат по победата на Трамп

by Журнал.мк

Биткоинот денеска го забележа првиот пад по десет дена раст на крилата по победата на Доналд Трамп на изборите во Соединетите Американски Држави.

Неговата вредност падна за 0,73 отсто на 85.260,37 евра во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути, Binance.

Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 80,78 милијарди евра, што претставува висока вредност.

Индексот на страв и алчност за Биткоин денес е на ниво од 80 во категоријата „екстремна алчност“, а тоа покажува дека расположението на инвеститорите е сè уште одлично и дека веруваат во растот на цената на биткоинот.

Денеска најмногу се тргува со биткоин, итриум и дуцкоин (DOGE). Криптовалутите VITE, CLV и XRP моментално бележат најголем раст.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk