Home » Вреди: Вчерашната конструктивност ја омекна радикалната реторика на ДУИ

Вреди: Вчерашната конструктивност ја омекна радикалната реторика на ДУИ

by Журнал.мк

Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција, велат од коалицијата Вреди, додавајќи дека после бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста.

Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок. Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт. ВЛЕН изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Cеверна Македонија, велат од Вреди.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More