Home » Врачена повелбата за најдобра поема за 2021 на лауреатот Трајче Кацаров

Врачена повелбата за најдобра поема за 2021 на лауреатот Трајче Кацаров

by Журнал.мк

Врачена наградата за најдобра поема за 2021 година на лауреатот Трајче Кацаров. На манифестацијата „Прличеви беседи“ во НУ-ЦК „Глигор Прличев“ во Охрид, директорот на установата му ја врачи награда откако претходно жири – комисијата ја прогласи за најдобра поемата „Цветко“ под шифра „Когито“. Кацаров имаше свое излагање и појаснување за поемата, која е создадена по принципите на античките дела.

Наградената поема „Цветко“ ја третира вечната тема за човековата ранливост и минливост, (не)исполентоста на очекувањата во дослух со самиот себеси, но и со традицијата, менталитетот, обичаите карактеристични за поднебјето под кое живееме, каде низ слободен стих се движи содржината на случувањата во ритам и стилска одржливост со помош на едноставен јазик, ставен во функција на пораката која треба да ја пренесе.

За наградите одлучуваше жири – комисијата во состав на проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ – претседател, проф. д-р Мишел Павловски и д-р Славчо Ковилоски, која едногласно ја донела одлуката.

Кацаров е поет, раскажувач, есеист, колумнист и драмски автор од Штип. Со своето обемно и преведувано творештво досега е овенчан со неколку значајни награди како Рационвото признание во 2009 година, Прозни мајстори и други.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More