Home » Вработените во институциите од културата идната недела ќе ги добијат платите со потребното зголемување

Вработените во институциите од културата идната недела ќе ги добијат платите со потребното зголемување

by Журнал.мк

Министерството за култура и туризам попладнево информира дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно Законот и Колективниот договор.

– Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, стои во соопштението од Министерството за култура и туризам.

Синдикатот на културата претходно преку соопштение изрази незадоволство поради неисплатените мартовски плати поради, како што наведуваат, ненавременото усогласување со минималната плата согласно одредбите од Колективниот договор за култура и со Општиот колективен договор.

– Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според Колективниот договор за култура, и оваа година, вработените во културата се соочија со проблеми. Овој пат – и БЕЗ ПЛАТА! За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок, наведоа од Синдикатот.

Синдикатот посочи дека според Колективниот договор за култура, платата треба да се исплати до 10-ти во месецот, а според законите во државата до 15-ти, но дека до тоа не дошло, поради што најавија протести во вторник.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk