Home » Вработените во Форд во Германија стравуваат од банкрот и покрај помошта од 5 милијарди долари од САД

Вработените во Форд во Германија стравуваат од банкрот и покрај помошта од 5 милијарди долари од САД

by Lina Muslija

Форд објави дека на 10-ти март добил финансиска инјекција за да се спречи понатамошно задолжување на загубарската Форд Верке. Производителот на автомобили соопшти и дека ќе вложи околу 500.000 евра во следните четири години, со цел да се подобри бизнисот и да се врати профитабилноста на Форд во Европа.

Со новиот финансиски пакет престанува договорот што беше на важност од 2006 година, со којшто беше предвидено дека секаква загуба на германскиот огранок на Форд ќе биде покриена од страна на матичниот производител со седиште во САД.

Форд Верке раководи со европскиот бизнис со патнички автомобили на производителот од САД и со неговите фабрики во Германија и Шпанија.

Губењето на кредитните линии од Форд Мотор значи дека производителот се откажува од секаква заштита од стечај на својот бизнис во Германија и со тоа го зголемува ризикот од банкрот, кажа Бенјамин Грушка, претседател на синдикатот во Форд Верке.

„Тоа во основа значи дека сега постои можност, германскиот огранок да се најде во банкрот за неколку години, доколку ситуацијата не се подобри. Мајката отсекогаш ја подржуваше ќерката од заднина, но тоа заврши,“ изјави Грушка за гласникот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе.

Фабриките на Форд како „лоша банка“

Укинувањето на кредитните линии може да довете до тоа, сите непрофитабилни активности на Форд во Европа, да паднат на грбот на Форд Верке ГмбХ. Тоа би било слично на концептот на „лоша банка“. Сите ризични и неисплатливи деловни гранки ќе се префрлат во една компанија. На тој начин, седиштето на корпорацијата ќе се заштити од ризикот од банкрот на некој свој огранок.

Форд Верке прави загуба поради високите трошоци и слабата побарувачка. Бизнисот е во долг од 9 милијарди евра, дознава Аутомобилвохе од извори. Доколку продажбата на патничките возила на Форд не се поправи, загубата ќе продолжи да расте, а со тоа ќе расте и притисокот за синдикатот да се сложи со мерките за намалување на трошоците, што би значело и пониски плати и евентуално отпуштања.

Уделот на Форд на европскиот пазар на патнички автомобили во минатата година се смали на 3,3 проценти, наспроти 4 проценти во 2023 година, покажуваат податоците од АЦЕА.

Новите електрични модели на Форд, кросоверите Експлорер и Капри, што се произведуваат во Келн, имаа слаб почеток на продажбата во Европа. Експлорер лани постигна 17.564 продажби, додека од Капри беа испорачани само 1.919 примероци.

Форд се држи подобро во бизнисот до доставни возила, каде што електрификацијата се одвива побавно.

Грушка кажа дека Форд Верке е во неповолна улога, затоа што продажбата на сите патнички модели на Форд во Европа се води на касата на германскиот огранок, додека профитабилниот бизнис со доставни возила оди на сметка на огранокот на Форд во Обединетото Кралство.

Кешот ќе помогне за европската пресвртница

Инјекцијата од неколку милијарди долари „има за цел да ја смали преголемата задолженост на фабриките на Форд Верке и да помогне во трансформацијата на нашиот бизнис во Европа,“ кажа директорот на Форд Верке, Маркус Васенберг.

Форд лани соопшти дека ќе укине 4.000 работни места во Европа, по 3.800 отпуштања во 2023 година.

Најголемиот дел од тие зафати го погодија бизнисот во Германија, каде што Форд е во фаза за затворање на својата фабрика во Зарлуи, којашто го произведува моделот Фокус.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk