Home » Вработените во Фондот за здравство денеска на протест

Вработените во Фондот за здравство денеска на протест

by Журнал.мк

Вработените во Фондот за здравство денеска точно во 11 часот излегуваат на протест. Главната причина за незадоволството кај работниците е неусогласувањето на платите со растот на минималецот.

Управниот одбор на Фондот имал состанок во петокот на кој требало да се донесе одлука за зголемување на платите за 2.600 денари, како и досегашниот бод за пресметка на плата да важи и од 1-ви јуни. Но, одборот решил да ја одложи седницата за после изборите.

Бараат разрешување на Управниот одбор, усогласување на платите со минималната и задржување на вредноста на бодот.

Даваат рок од еден месец за исполнување на нивните барања, во спротивно се заканија дека на 1-ви јуни ќе стапат во геренален штрајк.

Вработените во Фондот штрајкуваа три дена во февруари и ги работеа само итните случаи. Штрајкот беше ставен во мирување откако падна договор до крајот на мај платите да останат исти, односно да се пресметуваат по истиот бод како во декември лани, до крајот на мај годинава.

Сега треба да се донесе нова одлука оти старата истекува, а ако не се донесе, никој не знае по кој бод ќе се пресмета платата и дали над 830 вработени воопшто ќе добијат плата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More