Home » Вработените во државното правобранителство од утре стапуваат во штрајк

Вработените во државното правобранителство од утре стапуваат во штрајк

by Журнал.мк

Вработените во државното правобранителство од утре стапуваат во штрајк се додека не ги добијат бараните 30 отсто додаток на платат. Од УПОЗ за Телма соопштија дека следниот вторник, односно на 14 јануари, почнуваат со протести во најмалку четири министерства со истото барање. Досега потврдено дека протести ќе има во министерството за економија и труд, за правда, за администрација и за животна средина. Протестите ќе траат по половина час, од 11.30 часот до пладне а вработените ќе протестираат пред зградите на нивните министерства.

Одлуката за штрајк и за протести на вработените во повеќе државни институции и министерства доаѓа откако финансии не им одобри 30 отсто додаток на плата, односно не даде зелено светло за нивните колективни договори без кои тие не можат да го добијат додаток. Од УПОЗ се на ставот дека вработените во овие министерства се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои ги добија 30 те отсто.

Неодамна од финансии одговорија дека во буџетот за 2025 се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработени согласно претходно потпишани колективни договори. Но, од УПОЗ велат дека барањето за мислење од финансии за новите колективни договори со кој е предвидено зголемувањето на додатокот на плата го поднеле пред да се изготви буџетот за годинава, а одговорот од таму добиле откако државната каса била затворена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk